КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ЧЛЕН НА МАРКЕТИНГ ЗДРУЖЕНИЕТО И КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ ОД ЧЛЕНУВАЊЕТО ВО ЗДРУЖЕНИЕТО?
Редовен член може да биде секој заинтересиран за продлабочување на научната и практичната работа во областа на маркетингот. Секој член на Маркетинг здружението добива членска легитимација со подмирување на годишната чланарина која изнесува:
- За правни лица – 6000 ден.
- За физички лица – 600 ден.
- За студенти – 200 ден.
Членарината се уплатува на следнава жиро сметка: Ж.с-ка 300000003033808 Комерцијална банка ад – Скопје
Платената членарина го носи својството полноправен член на здружението со право да учествува во работата на органите, да биде избиран и да избира органи на здружението, како и да учествува на семинарите и тркалезните маси.
Предностите од членувањето во Здружението се следните:
1. За наставниците и соработниците:
- Да ги пренесат своите знаења
- Да стекнат нови сознанија
- Да остварат комуникации со науката и практиката
- Да објават трудови
- Да ја развијат научната мисла за маркетингот
- Да остварат позитивни ефекти од работењето
2. За организациите:
- Да дојдат до можност за проширување на пазарот
- Поефектно да ги пласираат своите производи
- Да ги намалат трошоците за маркетинг
- Поефикасно да се промовираат
- Да го прошират бројот на своите клиенти
- Да остварат поголем профит
3. За поединците:
- Да стекнат нови сознанија за маркетингот
- Да пренесат практични искуства од маркетингот
- Да ги прошират комуникациите
- Да ја унапредат соработката
- Да се доградуваат
- Да ги зголемат ефектите од нивното работење
4. За студентите:
- Полесно да учат
- Да имаат повеќе сознанија
- Да стекнат практично искуства,
- Да ги зголемат изборот на места за вработување
- Да создадат можност за научно работење
- Побрзо да се вработат