ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО
Македонското здружение за маркетинг „Маркетинг“ – Скопје, е основано во 1996 година, како доброволна, стручна организација која од основањето до денес им помага на лицата кои работат на проблеми и прашања од областа на маркетингот во Република Македонија за постојано развивање на науката за маркетингот и примена во практиката на современите разни форми и практични активности од секојдневниот живот и работа.
Иницијатор за основање е проф. д-р Бошко Јаќовски, кој од основањето на здружението до 19.11.2009 година беше претседател и главен организатор на неговото функционирање. проф.д-р Бошко Јаќовски е почесен претседател на здружението. Сега претседател на здружението е проф. д-р Алекса Стаменковски.
ДЕЈНОСТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
- организирање симпозиуми
- изведување семинари, работилници, советувања
- водење расправи на тркалезни маси
- издавање списание „МАРКЕТИНГ“
- објавувавање ЗБОРНИЦИ на трудови
- организирање предавања и обуки
- комуницирање со своите членови
- давање одговори на прашања од областа на маркетингот
- поврзување на членовите на здружението
- олеснување соработката меѓу членовите на здружението
- изработување на маркетинг стратегии и маркетинг планови
- организирање промоции на производи и услуги
- избирање на најдобри фирми со развиен маркетинг и најдобра промоција
- избирање најдобри поединци кои работат на работите од маркетингот
- соработување со странски здруженија и асоцијации за маркетинг
ЦЕЛИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Главната цел на Маркетинг здружението е обезбедување поттик и професионална поддршка на заинтересираните лица, компании и институции во организирањето, развивање и унапредување на научната и стручната работа во областа на маркетингот.
Здружението придонесува за:
- негување и поттикнување на науката за маркетингот
- афирмација и популаризација на научната мисла за маркетингот и нејзина примена во практиката
- стручна соработка со субјектите од стопанството и другите дејности во разгледувањето и решавањето на одделни проблеми од доменот на маркетингот
- давање придонес во образованието кадри за маркетинг
- постојана грижа за подигнување и усовршување на знаењата на сите што работат на проблемите од областа на маркетингот
- развивање форми на организирање на стручните лица кои работат на работите од областа на маркетингот
- организирање издавачка дејност
- меѓусебна информираност на лицата од маркетингот за достигнувањата од оваа област