Членови на бордот

Aleksa Stamenkovski

Проф. д-р Алекса Стаменковски – Претседател

Алекса Стаменковски има дипломирано на Економски факултет во Скопје во 1974 година. Магистерските студии од областа на маркетингот ги завршува во 1986 година на Економскиот факултет во Скопје. Со титула доктор на економски науки се стекнува во 1992 година, исто така на Економскиот факултет во Скопје.

Има дваесет и девет години работно искуство во сферата на стручните, научните и административните работи сврзани со одбраната, нејзиното буџетирање, планирање, менаџмент и стратешко планирање. Визитинг професор на професор на и Филозофскиот факултет – Институт за одбранбени и мировни студии од 1995 до 2005 година, професор на Воената академија од 2002 до 2005 година. Од 2005 работи како професор на Европскиот универзитет Република Македонија – Скопје, каде што 10 години ја извршува функцијата проректор, а од 01.03.2018 година е во пензија.

Lence Petreska

Проф. д-р Ленче Петреска – Потпретседател

Riste Temjanovski

Проф. д-р Ристе Темјаноски – Потпретседател

Проф. д-р Ристе Темјановски е продекан на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Високо образование завршил во 1990 година на Природно-математичкиот факултет (Институт за географија) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје. Магистрирал во 2000 година на интередисциплинарните студии на просторно планирање при Природно-математичкиот факултет во Скопје со одбрана на магистерскиот труд под наслов „Патната инфраструктура како генерички ресурс за циркулација на луѓето во Република Македонија”. Во 2005 година на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја одбранил докторската дисертација „Транспортниот систем во Република Македонија и европските стопански текови”, со што се стекнал со научно звање доктор на економски науки.

Од 1 септември 2011 година е вработен на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на Економскиот факултет, каде што е избран за вонреден професор. Негова стручност и експертиза се транспортните политики и економските развојни анализи, посебно економскиот и регионален развој, просторните влијанија на транспортните коридори и регионалните економски проблеми.

Sasho Nefovski

М-р Сашо Нефовски – Член

Mimoza Stamenkovska

Мимоза Стаменковска – Член

Dimitar Petreski

М-р Димитар Петрески – Член

Verica Najdovsk

М-р Верица Најдовска – Член

Затвори мени