ПОЗНАЧАЈНИ ОДРЖАНИ СЕМИНАРИ И ТРКАЛЕЗНИ МАСИ

Како позначајни теми од одржаните семинари можат да се издвојат следниве:

  • Нови пазари за Македонија – Маркетингот како излез од актуелната криза,
  • Ограничувачките фактори за примена на маркетингот во стопанството во Република Македонија – Охрид 2000
  • Маркетинг стратегии за настап на пазарот – Охрид 2001
  • Истражување на домашниот и надворешниот пазар – Охрид 2002
  • Политика на производите и услугите за домашен и надворешен пазар – Крушево 2003
  • Извозна маркетинг стратегија на македонското стопанство – Охрид 2004
  • Дизајн от и квалитетот на производите за домашен и странски пазар – Охрид 2005
  • Маркетингот и кандидатскиот статус на Република Македонија за членство во ЕУ – Охрид 2006
  • Брендирање и ребрендирање, Реклама, пропаганда, промоција, маркетинг, производни стратегии – Охрид 2007
  • Примена на маркетингот во Банките – Охрид 2008
  • Примена на маркетингот во услови на економска и финансиска криза – Охрид 2009

Научните трудови од учесниците на овие семинари се објавени во зборниците кои ги издава маркетинг здружението.

Од 2009 година до денес Македонското здружение организираше пет меѓународни научни конференции со следниве теми:

  • Прва меѓународна научна конференција: УЛОГАТА НА МЕДИУМИТЕ ВО ПРОМОЦИЈАТА НА ПРОИЗВОДИТЕ
  • Втора меѓународна научна конференција: НОВИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА МАРКЕТИНГОТ – ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА
  • Трета меѓународна научна конференција: ПРАКТИЧНИ ИСКУСТВА И РАЗВИВАЊЕ ИДЕИ ЗА УЛОГАТА НА МАРКЕTИНГОТ ВО БИЗНИСОТ
  • Четврта меѓународна научна конференција: МАРКЕТИНГ – ИНОВАТИВНОСT-ИНВЕНТИВНОСТ-КРЕАТИВНОСТ
  • Петта меѓународна научна конференција: ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ – БИЗНИС ПОЛИТИКА – МАРКЕТИНГ
  • Во тек е подготовка на шеатата меѓународна научна конференција на тема: НОВИ РАЗВОЈНИ И МАРКЕТИНГ ПРЕДИЗВИЦИ
Затвори мени