Членови на бордот

Aleksa Stamenkovski

Проф. д-р Алекса Стаменковски – Претседател

Алекса Стаменковски има дипломирано на Економски факултет во Скопје во 1974 година. Магистерските студии од областа на маркетингот ги завршува во 1986 година на Економскиот факултет во Скопје. Со титула доктор на економски науки се стекнува во 1992 година, исто така на Економскиот факултет во Скопје.

Има дваесет и девет години работно искуство во сферата на стручните, научните и административните работи сврзани со одбраната, нејзиното буџетирање, планирање, менаџмент и стратешко планирање. Визитинг професор на професор на и Филозофскиот факултет – Институт за одбранбени и мировни студии од 1995 до 2005 година, професор на Воената академија од 2002 до 2005 година. Од 2005 работи како професор на Европскиот универзитет Република Македонија – Скопје, каде што 10 години ја извршува функцијата проректор, а од 01.03.2018 година е во пензија.

Lence Petreska

Проф. д-р Ленче Петреска – Потпретседател

Проф. д-р Ристе Темјаноски – Потпретседател

Проф. д-р Ристе Темјановски е Редовен професор на Економски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Република Македонија. Дипломирал и магистрирал на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, а во 2005 година на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје ја одбранил докторската дисертација под наслов “Транспортниот систем во Република Македонија и европските стопански текови”, со што се стекнал со научно звање доктор на економски науки.

Од 1-ви септември 2011 година е вработен на Универзитетот „Гоце Делчев„ – Штип на Економскиот факултет, во звање вонреден професор, а на 01.02.2016 година е избран во звање редовен професор. Одржува настава на прв циклус студии по следните предмети: Транспорт и логистика, Маркетинг логистика, Маркетинг канали, Економска географија, Применета економија, Претприемништво. На втор циклус студии изведува настава по предметите: Менаџмент информациски системи, Е-бизнис, Промоција, Претприемништво, а во наставниот процес на трет циклус студии застапен е на студиската програма Деловна економија. Во склоп на академските активности, во два мандата ја вршел и функцијата Продекан на Економскиот факултет, бил координатор на Еразмус програмата на Економски факултет, бил член на Универзитетскиот сенат, раководител е на трет циклус студии на Економскиот факултет и главен и одговорен уредник на меѓународното списание Journal of Economics.

Во фокусот на неговите истражувања се опфатени просторно-економските, транспортно-логистичките системи и информациските модели, посебно, прашањата на транспортниот, логистичкиот и дигитално-економскиот систем и нивната имплементација врз развојните бизнис анализи и решенија. Има објавено над 150 трудови во научни списанија во земјата и во странство, десеттина академски книги, учествувано на бројни научни конференции и активно учествувал во повеќе домашни и меѓународни истражувачки проекти.

Sasho Nefovski

М-р Сашо Нефовски – Член

Mimoza Stamenkovska

Мимоза Стаменковска – Член

Dimitar Petreski

М-р Димитар Петрески – Член

Verica Najdovsk

М-р Верица Најдовска – Член

Затвори мени